Репрезентациите на Русија и Полска први ја минаа осминафиналната пречка на Европското првенство во одбојка и закажаа меѓусебна пресметка во четвртфиналето.

Во првата од двете осминафинални пресметки во Гдањск, одбојкарите на Русија ја совладаа Украина со 3:1 (22:25, 25:16, 25:22, 25:22), додека Полска рутински ја совлада Финска со максимални 3-0 (25:16,25-16,25-14).

На програмата денеска се нови четири осминафинални дуели меѓу Италија и Летонија, Холандија и Португалија, Германија и Бугарија, и Србија против Турција.

Последните две четвртфинални места ќе бидат обезбедени в понеделник по пресметките меѓу Словенија и Хрватска и Франција против Чешка.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 13:36