Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак" од Делчево започна Седмиот традиционален планинарски марш „Голак 2021".

На настанот како што информираше претседателот Љупчо Чучуковски учествуваат околу 50 планинари од повеќе градови во државата, а истиот се реализира со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

– Според правилата од Федерацијата за планинарство и препораките за заштиа од Ковид-19 го организираме традиционалниот планинарски марш по седми пат. Маршот се реализира од Делечво до врвот Голема Чавка на 1538 метри надморкса висина. Учествуваме околу 50 планинари од кои најголем дел се од Делчево, а имаме планинари и од Велес, Скопје, Берово, Виница и Зрновци, рече Чучуковски.

За Киро Чурлинов од Скопје, учеството на маршот е прекрасна можност да се избегне од секојдневните работни обврски кои ги има како лекар.

– Јас сум ентузијаст кој така кажано се лепи на некои групи, претходно со Трансвезрзалец, еве сега кај ва. Сум бил на некои планини како Кораб, Пелистер, Зелен Брег, еве сега и овде на Голак. Со оглед на моите обвсрски секогаш кога имам време учествувам на вакви настани, рече Чурлинов

Ленче и Димче Костови втора година самоиницијативно учествуваат на повеќе вакви настани и за нив искуството е повеќе од задоволително.

– Обично учествуваме како дозволува времето. Од скоро се занимаваме со планинарство, еве веќе две години, исполнети сме со тоа. Кога ќе се вратиш од марш е многу убаво, запознаваш други луѓе. Нека пробаат и младите поубаво е да одат на планина него да седат дома пред компјутер, истакнаа Костови.

Маршот како што додаде се реализира преку населбата Први Реон, Стари Голак, заеднички ручек и дружба кај шумската вила на Голак и потоа планинарите на враќање ќе го посетат манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија".



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 13:43