Пилотот на Мекларен, Даниел Рикардо е победник на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево за Големата награда на Италија.

Вториот беше неговиот клупски партнер Ландо Норис, додека трет е пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Бодови во Монца освоија и Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Сајнц, Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон (од 4. до 10. место редоследно).

Лидерите во шампионатот Макс Верстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес излетаа од патеката откако се судрија еден со друг и не беа во можност да ја завршат трката.

Несреќата се случи на вториот свиок. Верстапен и Хамилтон се бореа за подобра позиција. Според достапните информации, возачите не се повредени.

За Рикардо ова е прв триумф од 2018 година кога победи на трката за ГН на Монако.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 16:45