Во каменичкото село Саса поставен камен темелник на новиот храм посветен на ,,Св.Петка”. Црквата се гради на барање на жителите од м.в Рамниште кои за прв пат ќе добијат црковен храм каде ќе можат да ги извршуваат христијанските обичаи.

– Денеска, заедно со многубројно локално население и граѓани од општина Македонска Каменица и регионот, присуствував на христијанскиот обред на поставување на камен темелник на црквата „Света Петка” на м.в Рамниште кај Черговско маало, село Саса. Се надевам дека многу бргу ќе присуствуваме и на осветување на храмот со што жителите ќе добијат светилиште какво што заслужуваат истакна градоначалничката на М.Каменица, Соња Стаменкова која присуствуваше на настанот.

Додаде дека Oпштината им стои на располагање на жителите за било каква помош при изградба на црквата ,,Св.Петка”.

Христијанскиот обред го изведе митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со свештеници од Епархијата Брегалничка и свештениците при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 16:47