Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи организираше прием за поединци и претставници на институции кои помагале при пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември и спречиле трагедијата да биде уште поголема.

Во зградата на Општината дојдоа лекарите и медицинскиот персонал кој вечерта работеле во монтажниот објект, како и пожарникари, полицајци, војници…

– Во овие тешки моменти за нас за целиот персонал од болницата, сочувство до сите граѓани на Тетово особено до семејствата на починатите. За нас во овие моменти е многу тешко, нема простор за зборови, меѓутоа наоѓаме сила како што сме наоѓале досега. Во овие моменти не можам да најдам зборови, ќе бидеме и понатаму покрај нашите пациенти до кога има потреба, изјави докторката Евсале Треси.

Според градоначалничката, храброста, професионалноста и солидарноста на тие луѓе кои дојдоа во општината даваат надеж на светлина овие денови.

-Денес е вашиот почесен ден. Сакам да ви се заблагодарам од срце во име на преживеаните, но и во име на целиот наш град. Знам дека во овие неколку дена, не можевме да ги идентификуваме сите тие што помогнаа и не сите се тука денес, но нашата благодарност е до сите тие што придонесоа да се спречи оваа трагедија да биде уште поголема. Благодарност и за вашата работа како медиуми која беше важна да граѓаните добијат потврдени и точни информации. Во секоја трагедија има и жртви, но и свои херои и тие треба да бидат испочитуватни и да бидат како примери дека животот може да ја надвладее смртта, истакна Арифи,

На новинарско прашање каква е опременоста на општината и локалните установи за превенција од пожари Арифи рече дека заедно со протипожарната единица работат на нивно екипирање и инвестиции кај нив, како и дека се прави редовна контрола на објектите во однос на опременост за прва интервенција со противпожарни апарати.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 16:50