Две кандидатури за градоначалник на Демир Капија, а седум листи со кандидати за општински советници се поднесени во демиркаписката Општинска изборна комисија. Претседателот на комисијата, Благој Јовановски денеска информираше дека кандидатурите за градоначалник ги поднеле партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери.

-Поднесени се седум листи со кандидати за советници. Од група избирачи ,,Андон Крстевски”, ,,Единствена Македонија”, ЛЕВИЦА, ,,Твоја партија”, Коалиција ,,Најдоброто за мојата општина” предводена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија” и Движењето ,,Одлучно за промени”, појасни Јовановски. с



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2021 12:45