Англискиот фудбалски шампион Манчестер сити е подготвен да издвои нови 100 милиони фунти за да го привлече во своите редови играчот на лондонски Вест Хем, Даклан Рајс.

Според информациите во британските медиуми, Рајс е меѓу приоритетните имиња на списокот на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, и не се исклучува можноста трансферот да биде реализиран веќе во јануарскиот преоден рок.

Рајс (22) има важечки договор со Вест Хем за уште три години, но англискиот репрезентативец во неколку наврати веќе најави дека би сакал да премине во редовите на англискиот првак.

Манчестер сити во летниот преоден рок веќе издвои 100 милиони фунти за трансферот на англискиот репрезентативец Џек Грилиш од Астон Вила.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2021 21:36