Во струмичката болница се лекуваат 77 пациенти заболени од Ковид-19. Триесет од нив се на болничко лекување, додека останатите 47 примаат терапија во дневната амбуланта.

Според директорката д-р Катерина Кузмановска, во споредба со минатата недела, кога се лекуваа 90 пациенти, сега има намалување на бројот на тие што заболеле од коронавирусот, а намален е и бројот на амбулантските прегледи.

-Освен на Инфективното одделение, болните се лекуваат и во модуларната болница. Во изминатите пет денови имаше 12 починати од последици од Ковид-19, но, најголем од нив имаа хронични заболувања, но дел од нив и доцна се јавуваат на лекување. Се надевам дека трендот на опаѓање на бројот на заболените ќе продолжи, но сепак апелирам на доследно почитување на мерките за заштита, рече д-р Катерина Кузмановска, директорка на струмичката болница.

Инаку, од пациентите кои се на лекување во струмичката терапија и примаат терапија во дневната болница само 13 се вакцинирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2021 22:10