Шеесетина уметнички дела, цртежи,слики, скици и графики се изложени на јубилејната,десетта изложба на членовите на ликовното студио кое работи во Националната установа Центар за култура.

Членовите на ликовното студио работат десет години под менторство на познатиот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски.

– Изложбата е богата, содржи дела, цртежи и слики создадени изминатата година, но и селекција дела создавани во изминатата деценија од постоењето на студиото. Оваа т.н. уметничка секција го оправда своето постоење и е расадник на млади ликовни уметници кои во понатамошниот развој и образование ги манифестираат, применуваат и потврдуваат уметничките капацитети, што се огледа во повеќето дипломирани ликовни уметници, како Стефан Младеновски, Стефан Јакимовски, дипломирани архитекти, како Натали Велеска, Сара Велеска, понатаму графички дизајнери, како Маја Јаќимовска и други,а биле дел од првите генерации членови на студиото, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

Посочи дека и членовите кои во овој период активно работат во студиото исто така се талентирани и перспективи идни уметници.

Делата се поставени во изложбениот простор при НУ Центар за култура Крива Паланка.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 11:13