Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 12:04