Беровското основно училиште „Никола Петров Русински” набави нови компјутери за успешно следење на електронската настава. Од училиштето информираа дека новите уреди ќе бидат наменети за учениците од четврто одделение.

-Општинското основно училиште ,,Никола Петров Русински” подготвено ја започна новaта учебна година, при што за учениците од четврто одделение, набави компјутери, за да можат да ја следат новата наставна програма, која предвидува дигитални учебници. На самите компјуутери се инсталирани овие електронски учебници кои им се потребни за наставниот процес, а трошоците на родителите да бидат намалени, истакнаа од деветолетката „Никола Петров Русински”.

За унапредување на образовниот процес, училиштето, исто така, како што додадоа, набавени се и нови електронски табли.

-Електронските табли, принтери и други нагледни средства, се предвидени со новите наставни програма, со што се води грижа, сите ученици целосно подготвени, да ја започнат учебната година, додадоа од училиштето.

Од локалната самоуправа во Берово најавија понатамошно вложување во унапредување на образовниот процес, со цел создавање успешни генерации.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 13:09