Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара од претседателот на собраниската Комисија за труд и социјална политика во најкус можен рок да закаже седница на која ќе бидат разгледани измените на Законот за работни односи со кои недела се прогласува за неработен ден.

– На тој начин ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието, навреме, за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година како што беше договореното од сите социјални партнери во државата, истакнуваат од ССМ.

Очекуваат, како што велат, она што е договорено на ниво на Економско-социјалниот совет да биде испочитувано и реализирано од страна на Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 17:34