На Коалицијата ДУИ и СДСМ на чело со спикерот Талат Џафери помил им е на Венко Филипче отколку животите на граѓаните на Тетово.

Денес Собранието на чело со Талат Џафери и мнозинството на СДСМ и ДУИ застана во целосна одбрана на Зоран Заев и Венко Филипче.

Власта денес остана без мнозинство во Собранието се со цел само да го заштити двоецот Филипче Заев.

Талат Џафери и ДУИ се во целосно одбрана на најнеспособниот министер Венко Филипче.

Вистинските прашања на кои власта треба да одговори се:

· Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

· Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

· Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

· Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

· Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

· Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

· Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

· Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

· Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

· Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 17:57