Суки Меденчевиќ, кинематографер од Босна и Херцеговина е годишен претседател на меѓународното стручно жири на ИФФК „Браќа Манаки“ кој од 16 до 21 септември ќе се одржува во Битола.

Меденчевиќ магистрирал кинематографија на Националната филмска школа во Прага, а во моментов предава на неколку американски школи и институти во Њујорк и Лос Анѓелес. Меденчевиќ од 2010 година е член на Американското друштво на кинематографери, престижна светска кинематограферска организација.

Во донесувањето на одлуките за најдобрите кинематографери на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на Меденчевиќ во Битола ќе му помагаат Филип Бергсон, филмски критичар од Велика Британија, Вим Ванaкер, познат белгиски режисер, Соња Просенц-продуцент од Словенија и Димо Попов, член на Македонското друштво на кинематографери, но и на Турското друштво на кинематографери.

На прес-конференција во Битола, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски изјави дека членовите на стручното жири сите филмови во конкуренција ќе ги гледаат и оценуваат во новото битолско Кино Манаки, кое се наоѓа на прсоторот од некогашното кино на браќата Манаки, на Широк сокак во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 22:07