Турскиот бренд „Кигили“ е новиот моден партнер на Македонскиот олимпискиот комитет (MOK) и ќе се грижи за дизајнот на македонските олимпијци заклучно со Игрите во Париз во 2024 година.

Договорот за соработка денеска во Скопје го потпишаа претседателот на МОК, Даниел Димевски и директорот на „Китили“, Хилал Суредем.

– Круна на оваа соработка ќе биде постигнување на уште поголем успех од оној во Токио, односно освојување на златен медал во Париз, изјави претседателот на МОК Димевски.

„Кигили“ е моден спонзор на германскиот бундеслигаш Волфсбург, италијанскиот кошаркарски клуб Фортитудо, српска Црвена Звезда, турски Фенербахче како и на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)

– Како што секогаш сме биле, и во иднина ќе бидеме до спортот и спортистите. Нашата долгогодишна поддршка на спортот особено ја зголемивме во последните две години. И во Турција, но и во странство станавме и стануваме спонзори на важни клубови и спортски организации. Посакуваме да бидеме сведоци на успесите на македонските спортисти и да ја споделиме нивната радост, а нивните успеси да бидат редовни и долгогодишни, изјави на денешната прес-конференција во Скопје првиот човек на „Кигили“, Суредем.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 23:29