За три брана на корона немавме никакви соодветни мерки. Сведочевме на лоша организација, лош менаџмент на целата корона криза со која се соочуваме повеќе од година и половина. Тоа се случува и сега во овој четврти бран. И на сето ова се случи и горењето на модуларната болница во Тетово и жртвите таму, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за последиците од корона кризата, како и за последниот случај во Тетово каде изгоре модуларната болница.

„И сега наместо одговорност за случувањето во Тетово ние сведочиме на пиар. Министер кој игра во пиар орото и не се спротивставува на истите“, рече Николов.

Според него по случувањето во Тетово каде изгоре модуларната болница мора да се направи нешто реално, да се преземат мерки.

„Наместо мерки по случувањето во Тетово ние гледаме игри. А потребно е само да се работи, а ако има грешки да се одговара. На пример треба транспарентност во работата за да се знае кој згрешил. Треба одговорност на пример и зошто доцнеа вакцините, Комисијата за заразни болести треба да објави какви препораки дава за да видиме кој е одговорен претседателот на Комисјата или министерот“, посочи Николов.

Доктор Николов посочува дека случајот со модуларната болница покажува повторно само префлање на одговорност.

„Претходно исто дебатиравме кој е одговорен Комисијата за заразни болести или министерот и сега пак е исто кој бил одговорен за доводот на кислород во модуларната болница и слично“, вели Николов.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 02:20