[photo

„Претседателот на Собранието треба да го брани Собранието. Собранието се брани кога се почитува Деловникот. Значи во Деловникот има член 219 кој што зборува за оставка на Владата и во него се вели во првиот став дека Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Во ставот 3 се вели дека оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата. Значи до Собранието преку претседателот на Владата. Понатаму се вели дека оставката на член на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и Собранието член 220 на првата седница без претрес констатира дека на претседателот на Владата, Владата или во случајот член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“, појасни Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека тоа за жал денес не се случи, сега се чека Годо. Образложението беше дека истрагата е во тек. Ама истрагата нема врска со т.н. објективна одговорност, одговорност заради статусот министер или заменик министер.

„И јас затоа цитирав еден од најпознатите имиња во Уставното право Џенгс намерно заради премиерскиот британски систем кој што вели дека секој министер одговара само и само пред Парламентот. Не само за она што сам го работи туку и за сите други што работат во неговото министерство. И реков дека во случајов премиерот е поштарот. Значи никаде не пишува дека тој одлучува дали ќе прати нешто или не. Не, премиерот треба да ја прати оставката. Каде? Па до Собранието. Зошто? Поради легимитетот, легимитетот на Владата и на членовите е во Собранието“, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека поради власта институциите стануваат слаби, процесот на одлучување е дислоциран од институциите. Собранието поради власта стана гласачка машина. Одлуките се носат надвор од Собранието за жал.

„Радо би им се извинила на семејствата на починатите дури мислам и дека Собранието требаше да одржи комеморативна седница. Зошто? Зошто ние ги претставуваме сите граѓани. Ама таа иницијатива требаше да дојде се знае од кого, од претседателот на Собранието. Но, за што да му се извиниме на министерот Филипче? Јас не навлегувам во субјективната одговорност, туку говорам за статус на политичар, носител на функција треба да одговара за се што е врзано со министерството со кое раководи“, појасни Силјановска Давкова.


Силјановска: Филипче и Хасани одговараат пред Парламентот, Заев е само поштар според Уставоте

Силјановска Давкова додаде дека многу е ризично ако премиерот одлучува за нечија оставка. Легимитетот на Владата е урнисан, тој континуирано паѓа, во слободен пад е.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 03:06