Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје денеска ќе ја промовира книгата „Прилози за историјата на социолошката методологија“ од проф. д-р Петре Т. Георгиевски. Во своето најново дело, познатиот универзитетски професор и научник ги проучува методите на истражување на класичните социолози и на нивните влијателни следбеници.

Во препораката на изданието, проф. д-р Марија Богдановиќ, еден од тројцата рецензенти, констатира дека студијата е од исклучително значење во областа на социологијата и другите дисциплини кои се занимаваат со проучување на општествените појави.

-Георгиевски прави избор на оние автори кои со својата оригиналност во проучувањето на општествените појави ги поставија теориско-методолошките основи за развој на општествено ангажирана наука која се стреми кон вистинско сознание за човекот, општеството и неговата историја, смета Богдановиќ.

Промотори на најновото дело на Петре. Т. Георгиевски ќе бидат универзитетските професори д-р Златко Жоглев и д-р Ило Трајковски, а промоцијата ќе се одржи во паркот на Матица Ексклузив во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 16:27