Во Мала станица денеска ќе биде отворена изложбата „Допирот“, што е подготвена во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија, а под кураторската палка на Ана Франговска, соопштија од Националната галерија на Република Македонија.

На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс) како и нашите еминентни современи уметници – Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова.

– Дискурсот за екологијата и заштита на животната средина е во фокусот на уметничките истражувања, додаоа од Националната галерија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 17:41