Во петок почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи”, каде ќе бидат претставени над 70 артисти во различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија.

Во програмата „НОВ БРАН“ ќе се претстават 12 македонски уметници во четири категории – поезија, музика, дизај на постер и фотографија. Исто така, ќе се претстават млади автори со нивните нови драмски дела на настанот „Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар ИТИ.

Во рамки на студентската програма ќе биде прикажана „Универзитетската конференција” на која ќе учествуваат седум универзитетски професори од седум различни држави. Додека на последниот ден од фестивалот ќе го погледнеме настанот „Едноминутна актерска игра” на девет студенти по актерска игра од различни држави и краткиот видео префромансот на актерот Петар Милошевски, кој е создаден за време на полицискиот час.

За време на фестивалот ќе бидат одржани две онлајн работилници и еден мастер клас за актери и режисери.

Фестивалот ќе трае од 17 до 23 септември.

Затворањето на фестивалот ќе биде во МКЦ со изложба на програмата НОВ БРАН и доделување на наградите.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 22:27