Почна со работа првиот пинг-понгарски клуб во Пехчево. Целта на формирањето, како што информираа од клубот, е развивање спортски дух кај децата од различна возраст, како и промовирање на пинг-понгот како спорт во оваа општина. – Благодарност до сите кои ја поддржаа идејата за формирање на пинг-понгарскиот клуб Агро-Милениум. Официјално со тренинзи започнавме оваа недела и истите се одвиваат секој ден со различни возрасни групи, истакнаа од клубот „Агро-Милениум”. Оттаму упатија повик до сите кои имаат желба да навлезат во тајните на овој спорт да се пријават кај сцоите класни раководители и наставници. – Пинг-понгарите ќе ги обучува професионален тренер согласно препораките за заштита од Ковид-19. Се надевам дека бројот на нови членови уште повеќе ќе расте, а пинг-понгот ќе прерасне во традиционален спорт кој ќе донесе голем број успеси во иднина, додадоа од клубот. Посочија дека активните тренинзи се реализираат во Спортската сала „Јане Сандански” во Пехчево, со активно учество на учениците поделени во групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 23:18