Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со бод ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостувањето против Елверум во Норвешка одигра 27:27 (13:13) во рамки на 1. коло во групата А.

Со цврста игра во одбраната и серијата интервенции на голманот Мартин Томовски, македонскиот состав на два пати имаше предност од четири голови разлика во првиот дел, но Елверум со серија во финишот на полувремето израмни на 13:13.

Второто полувреме донесе резултатска неизвесност до самиот финиш, кога прво Вардар преку Анте Гаџа не го реализираше последниот напад на четири секунди до крајот, а за домаќините остана премалку време со гол да дојдат до победа.

Најефикасен ви редовите на Вардар беше Џереми Тоту со шест голови, додека голманот Томовски запиша 14 одбрани.

Со бодот во Елверум, ракометарите на Вардар останаа на 77 победи во 15. Сезона во групната фаза во Лигата на шампиони

Во 2. коло во рамки на групата А, македонскиот првак идната среда во Скопје е домаќин на Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 23:52