По повод одбележување на 30 години независност на државата, денеска и утре во Музејот на современа уметност ќе се одржи EXPO.30, во организација на Боттега Евенти и поддржан од Владата на Република Македонија.

Според организаторот Боттега Евенти, во фокусот на EXPO.30 е македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм кој нуди ретроспектива на македонската мода во првите 30 години независност и преку модни ревии на 10 македонски модни дизајнери, одбрани претставници од трите декади и групна модна ревија на три факултети за моден дизајн.

– Македонската мода на овој настан ќе ја претстават домашните модни креатори, на 16 септември ќе се одржат модните ревии на Никола Ефтимов, „Лудус“, Росица Мршиќ, Евгенија Зафировска и Нела Тодоровска – „Маригуча“, а на 17 септември се ревиите на Лидија Георгиева, Силвија Михајловска – „Алшар“, Митко Занов, Јована Филиповиќ и Тања Кокев. На заедничка ревија ќе се претстават и студентите по моден дизајн од три факултети, од Институт за дизајн и инженеринг на облека од Технолошко-металуршки факултет при УКИМ, Факултет за арт и дизајн при Европски универзитет и Факултет за текстил, дизајн и моделирање при Универзитет Мајка Тереза, информира организаторот.

На ЕXPO 30 ќе настапат и 11 македонски диџеи, прво како музичка подлога на модните ревии, а потоа и со сопствени диџеј сетови ќе перформираат Зоки Бејбе, Бранчез, Флудер, Дела, диџеј Маци, Чваре, Соул Кејс, Узун Баба, Џон Антонио, Чедо и Соња Исмаил. Во EXPO зоната ќе изложуваат 10 македонски компании кои на посетителите ќе им ја пренесат својата приказна за своето делување во 30 години независност и ќе понудат дегустации на пијалоци и деликатесни производи



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 15:50