За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена.

Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе.

Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.

Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.

Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.

Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта.

Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони.

Време е да ставиме крај на политичарите печалбари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 16:18