Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, денеска доаѓа во дводневна официјална посета на Хрватска, за време на која ќе се сретне со претставниците на хрватскиот државен врв.

Станува збор за возвратната посета на црногорскиот претседател, кој доаѓа на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Официјалната посета ќе почне со средба на двајцата претседатели, по што ќе следат билатерални разговори меѓу хрватската и црногорската делегација.

За време на престојот во Загреб, Ѓукановиќ ќе има состанок и со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Собранието Гордан Јандорковиќ. Вториот ден од посетата, в петок, Ѓукановиќ ќе престојува во Бриони, каде домаќин ќе биде хрватскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 16:50