Во врска со истрагата за трагедијата во Тетово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната посета на семејство на една од жртвите од изгорената болница, во село Нераште, Тетовско, истакна дека не очекува изјавата да биде објективна, а јасно е дека станувало збор за болница која немала дозвола, а била пуштена во употреба без противпожарни инсталации.

-Не очекувам, додека министерот за здравство е таму каде што е и неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата , не очекувам непристрасна истрага. Многу е јасно дека објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба, не треба повеќе да се зборува, истакна тој.

Мицкоски рече дека тука треба кривична одговорност, тука станува збор за десетици години затвор за тие кое тоа го дозволиле да се случи.

-Не само што имаме објект кој нема дозвола за употреба, а е пуштен во употреба, немаме ни инсталации за противпожарна заштита во истиот, што треба истрагата да констатира повеќе, праша Мицкоски во денешната изјава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 17:19