На стрит фестивал што денеска ќе се одржи во центарот на Никозија, ќе биде поставен мобилен центар за вакцинација во рамките на актвностите на Министерството за здравство на Кипар, за поголема имунизациска покриеност на населението, особено на младите, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Кипар, вакцинацијата ќе ја вршат волонтерски, стоматолози од Минитерството.

„Epic Nicosia Street Fest“ ќе се одржи вечерва, со учесво на познати кипарски Диџеи, има хуманитарен карактер и под покровителство на Министерството за здравство на Кипар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 23:52