„Најпрвин да изразам искрено сочувство, длабоко сочувство до семејствата на починатите и настраданите во големата трагедија која што ни се случи, за жал покажа и во каква кондиција ни е и државата. Покрај тоа што секојдневно ја тресат државата скандали, видовме дека и оние пацинети кои што дошле во болницата да бараат здравје, да бараат живот дочекаа за жал еден таков ужасен и трагичен крај. И сметам дека најпрвин она што требаше да се случи е истражните органи да почнат да истражуваат кои се причините за пожарот, како сме дозволиле тоа да се случи“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Патот кон“.

Лефков додаде дека е потребно една формално правна истрага, меѓутоа она што е доблесно и што треба да се направи да најодговорниот и најповиканиот министерот за здравство, господинот Венко Филипче требаше да си поднесе неотповиклива оставка и да си замине од функцијата.

„Видовме дека самите модуларни болници се проследени со многу неправилности, со многу пропусти“, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека моралната одговорност треба веднаш Филипче да си ја понесе. Граѓаните деновиве беа сведоци и на една игра на оставки, во Собранието оставката се уште ја нема на министерот за да се констатира.

„Во оставката не знаеме што е напишано, не знаеме кои се причините, министерот самиот наведе дека е од морални причини. Меѓутоа ние не знаеме што е напишано во оставката. И сега имаме една ситуација во која што Зоран Заев одлучува за моралните вредности, па според информациите денеска Илир Хасани по оставката се вратил на работа во Траумотологија. Па сега јавноста е во дилема, како за едната оставка одлучено е дека има морални причини односно за господинот Илир Хасани, а од друга страна господинот министер Венко Филипче нема морална одговорност. Сметам дека моралот треба да го бараме на многу повисоки места, а барањето со формално правна истрага треба да продолжи меѓутоа таму ќе стане збор за други одговорности како што е правната одговорност, како што е кривичната одговорност, а моралната одговорност за жал видовме дека заврши како еден ПР потег“, рече Лефков.

Лефков додаде дека моралот е внатрешна определба за тоа што е добро, а што е зло. Кога говориме за оставка како морален чин не може да се навлага во правни лавиринти до каде е оставката. По членот 115 од Деловникот на Собранието Филипче можеше да ја даде истата и пред Собрание и веднаш ќе беше констатирана.

„Вториот дел за кој што сакам веднаш да реагирам, кога рече дека уште вечерта се појавиле да се утврдат причините. Вие се уште од Јавното обвинителство онака како што ги следиме по медиумите од Јавното обвинителство нема одговор од што настана пожарот. А, од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција не знам дали и се добиени документите од Бирото за јавни набавки. Меѓутоа што видовме вечерта, видовме дека цела Влада направи еден политички увид на несреќата. Го видовме на лице место како се појавува премиерот Зоран Заев со господинот Али Ахмети, ајде да кажеме дека Зоран Заев е премиер, а во која улога беше Али Ахмети на лице место на настанот? Како претседател на политичка партија? Тоа тогаш беше коалиционен увид на несреќата“, запраша Лефков.

Лефков потсети дека по телевизиите имаше дека технички увид се нема извршено во модуларната болница во Тетово. Примопредавањето на модуларната болница било решавано со партиски средби.

„Од тридневната жалост, денот сабота сите директори од јавните установи го посветија на господинот Венко Филипче пишувајќи писма и статуси. Тој ден имавте 1.117 болни од КОВИД во болниците. Тој ден имавте 30-тина луѓе на респиратори, имавте 700 луѓе на кислородна поддршка, самиот тој ден кога директорите ги пишуваа писмата“, истакна Лефков.

Лефков додаде дека истиот тој ден ако Македонија беше нормална држава требаше да бидат во Јавното обвинителство да даваат одговори за тендерските документации, да даваат одговори како е изведен техничкиот прием и да даваат одговори дали е почитуван членот 70 и членот 75 од Законот за заштита и спасување.

„Но, ние видовме тродневна жалост од која два дена на медиумите сите граѓани видоа кампања која се викаше „Поддршка за Венко“. Така ја започнавме кризата со иделопоклонство, со вибер налепници, така за жал и завршивме. Само еден ден по несреќата ние продолживме со хвалоспели за министерот кој што за жал набави 19 модуларни болници, од која што една од нив видовме како заврши“, рече Лефков



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 01:55