За време на 46 -то Национално собрание „Демократска Бугарија“ установи дека се согласува со двајцата поранешни министри за економија и финансии во претходната техничка влада, Кирил Петков и Асен Василев, за Нова коментираше копретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, зближувањето на позициите било очигледно за главната тема во земјата, како што е борбата против корупцијата, и затоа „Демократска Бугарија„ е подготвена да соработува со идната партија на двајцата поранешни министри.

Атанасов додаде дека неговата партија имала неформални контакти со Петков и Василев додека биле министри.

Според него, многу е важно во следното Национално собрание да се работи на создавање единствено мнозинство за избор на влада во Бугарија, иако не исклучи дека разцепкувањето на парламентарниот простор крие свои ризици од појава на нови играчи во него.

Атанасов потсети дека главната задача на „Демократска Бугарија“ е да се размонтира наследството на владата на Бојко Борисов. Затоа, според Атанасов, им треба мнозинство кое ќе избере влада во следното Народно собрание на Бугарија за промена, со цел да се изврши оваа демонтажа.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 13:30