Културното уметничкото друштво „Рацин“ од Кичево, што работи под закрила на Центрот за култура „Кочо Рацин“, вечер ќе настапи на фестивалот „Охридски староградски средби-2021“ и ќе се претстави со три песни од сопствениот репертоар.

– Нашето прво учество на фестивалот „Охридски староградски средби-2021“ќе се случи вечер со изведба на три песни од нашиот редовен репертоар.На средбите ќе ги изведеме песните „Нико меанџико“,„ Саноќ ле Наде“ и „Седнав да вечерам“.Трите песни ќе ги изведе нашиот солист Даниел Пејоски, во придружба на оркестарот на друштвото.Се надеваме дека ќе имаме успешна презентација пред охридската публика, која ќе присуствува на средбите во амфитеатарот во стариод дел на градот, истакна Јован Митрески, раководител на оркестарот.

Во ова културно друштво членуваат 180 активни членови од сите генерации.

Митрески информираше дека поради пандемијата со Ковид-19 го откажаа и учеството на големиот меѓународен фестивал во Анкара, Турција, што треба да се одржи на 25 септември и додаде дека во овој момент единствено е активен оркестарот на друштвото, додека играорците од горенаведените причини не се во редовен тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 14:27