Стратегот Влатко Костов е назначен за нов тренер на повратникот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Тиквеш и своето деби на клупата на кавадаречкиот тим ќе го има идната недела на првенствениот натпревар на домашен терен против Македонија ЃП.

– Му посакуваме топло добредојде на Костов во Кавадарци и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом, соопшти Тиквеш, кој по шест одиграни кола во ПМФЛ сè уште ја чека првата победа и со два бода е на претпоследното место на табелата.

Тиквеш во петокот спогодбено ја прекина соработката со тренерот Пане Блажевски, под чие водство клубот од Кавадарци по пауза од 17 години се врати во ПМФЛ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2021 19:21