Транзицијата и замената на јагленот се за поздравување од аспект на заштита на животната средина, но за замена на РЕК „Битола“, од каде се добива најголемиот дел од електрична енергија, се потребни многу поголеми и посериозни инвестиции, како и дополнителни инвестиции за акумулирање на енергијата- батерии.

За жал во производството на електрична енергија не можеме да се потпреме само на обновливи извори-ОИЕ. Кога има сонце и ветер, ќе има и енергија, но кога нив ќе ги нема, ќе ни биде потребна акумулирана енергија, а ние како држава немаме можност за таков потфат.

Иако СДСМ се фали со проекти, се уште е се на честичката “ ќе”, бидејќи во овие четири години освен за затворање на РЕК Битола, не видовме некој нов производен капацитет. Се’ е се уште само на хартија и на пресови. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ апелира дека со затворање на РЕК „Битола“ и без домашно производство на струја од базна енергија ќе зависиме од увоз.

– Понатаму следи уште една грешка во енергетиката која скапо ќе не чини: Наместо да инвестираме во Грција во изградба на гасна централа, таков проект ни е потребен дома, за да имаме домашно производство на електрична енергија.

Ова што денес СДСМ го промовира на пресот е жално за македонската енергетика. РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј кои заедно имаат 750 MW инсталиран капацитет ги запустеа, а денес се фалат со 2 стратешки проекти: фотонапонски централи во Осломеј и Битолa од 35 МW. A згора на се за овие фотонапонски централи слушаме по кој знае кој пат!

А нив во реалноста се’ уште ги нема! Како што го нема ни Чебрен, ни топлификацијата на Битола за која имаа готов проект од ВМРО и наместо да го продолжат, 4 години го кочеа за сега да се фалат дека ќе го продолжат.

Ако некогаш сме имале катастрофална енергетика тоа се овие 4 години на владеење на СДС. Се’ запустија на дело, ама затоа махери се за пресови и фалби за стратешки инвестиции.

Им посочуваме дека стопати кажаната лага не станува вистина, бидејќи народот веќе за ништо не им верува!



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2021 19:44