Асоцијацијата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (АБНА СЕ) денеска на Генералното собрание во Приштина ја избра В.Д. директорката на Хина, Бранка Габриела Војводиќ за нов генерален секретар на здружението.

Одлуката е донесена едногласно од учесниците на 29 -то Генерално собрание на АБНА СЕ, покрај кое се оддржа и регионална конференција за медиумите и новинските агенции.

Бранка Габриела Војводиќ ќе го замени Мајкл Псилос од грчката агенција АНА-МПА на позицијата генерален секретар на здружението.

Оваа непрофитна професионална асоцијација на новински агенции е основана во 1995 година и брои 12 членки.

Асоцијацијата е формирана со цел да се развие соработката меѓу новинските агенции-членки, како и за воспоставување клима на мир, пријателство, безбедност и соработка на Балканот и Југоисточна Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2021 19:45