Тужба до Италијанската фудбалска федерација поднесе прволигашот Милан поради расистичките скандирања на навивачите на Лацио за време на минатонеделното дерби во Серија А.

Фудбалерите на Милан, Тимуе Бакајоко и Франк Кеси, вложија жалба по натпреварот дека биле навредувани на расна основа од навивачите на римскиот прволигаш.

– Некои навивачи на Лацио не навредуваа мене и Кеси. Ние сме горди на бојата на својата кожа и веруваме дека Милан ќе стори сè за да ги идентификува, изјави Бакајоко.

„Наша морална должност е да го пријавиме секој облика на дискриминација. Фудбалот и неговите институции мораат да бидат сложни во искоренување ваквите појави“, порача извршниот директор на Милан, Иван Газдитис



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2021 02:36