Натпреварот од осмото коло во руското фудбалско првенство меѓу екипите на Крилја Совјетов и Ростов донесе попладнево оригинална жрепка со која беше утврдено кој од двата тима ќе го изведе почетниот удар, а кој ќе ја одбере страната од теренот на која ќе го игра првото полувреме.

Место традиционалното фрлање паричка од страна на главниот судија, капитените на двата тима во три добиени поени се натпреваруваа во популарната детска игра „лист, камен, ножички“.

Капитенот на Крилја Совјетов, Александар Солдотенков, беше поуспешен од противникот со капитенската лента во редовите на Ростов, Максим Осапенко, а на крајот од натпреварот домаќините со пресврт славеа победа од 4:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2021 02:36