Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата "Вело Фиеста" изменет режим на сообраќај во главниот град на 19.09.2021 ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот, а не од 18 до 23 часот како што информиравме во претходното соопштение.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде на истите улици кои претходно ги наведовме.

На дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2021 02:36