Со учество на осум екипи, од кои три македонски, во Струга започна 25. Европски клупски куп за шахистки.

Во воведното коло, „Алкалоид“ загуби од словенечки Тајфун со 2.5:1.5, додека Куманово го совлада МСК Центар со 2.5:1.5.

Дербито на првото коло донесе борбено реми 2:2 меѓу француски Монте Карло и ГРЕКО од Украина, што го искористија шахистките на Јужен Урал и со победа на германскиот тим СК Ерсте Банк Баден од 3:1 го презеде лидерското место.

На Европскиот куп во Струга настапуваат 13 шахистки со велемајсторска титула и 11 титула со интернационален мајстор, а одиграни ќе бидат седум кола според Бергеровиот систем.

Најголеми фаворити се Монте Карло со просечен рејтинг од 2513 бодови, Греко (2501) и рускиот тим Јужен Урал (2441).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2021 15:59