Штотуку Душко Весковски призна дека започнал и завршил со реконструкција на водоводна мрежа на улица Варшавска, па потоа спровел јавна набавка.

Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело.

Директорот на Водовод и канализација Скопје, Весковски призна кривично дело според член 353 од Кривичен законик.

Во самиот демант на Весковски се гледа и докажува дека аукцијата и јавната набавка е направена на 01 октомври 2020, а реконструкцијата на улицата Варшавска е започната на 14 јули и завршува на 20 август 2020.

За целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов дополнителни цврсти докази и детали ќе следат во текот на утрешниот ден во која се потврдува дека фирмата КБК Инжинеринг градела пред набавката.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 03:16