Во нападот во универзитетскиот кампус во рускиот град Перм, убиени се најмалку осум лица, соопшти Истражниот комитет. Според ДПА, која се повикува на Интерфакс, во нападот се ранети 20 лица. Претходно беше соопштено дека шестмина се повредени.

Студентот кој го изведе нападот е идентификуван и е ранет при апсењето. Против него е поднесено обвинение за убиство на две и повеќе лица.

Регионалното Министерство за здравство соопшти дека се повредени најмалку 10 лица од огнено оружје, но дека има и повреди здобиени при бегањето и кога скокале од прозорците.

Би-Би-Си пренесува дека студентите и професорите се забарикадирале внатре во зградата на универзитетот, додека некои скокнале од прозорците. Универзитетот утрово преку социјалните мрежи побара сите кои се во кампусот веднаш да го напуштат, доколку е можно, во спротивно да се затворат во училниците.

Според се уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во киои го објаснува нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 14:27