Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека односите меѓу неговата земја и Франција се многу силни, пријателски и неуништливи и покрај гневот на Париз поради новиот договор САД-Велика Британија-Австралија.

Франција ја откажа средбата меѓу министерката за одбрана Флоренс Парли и британскиот колега Бен Валас што требаше да се одржи оваа недела, бидејќи договорот предизвика тензии меѓу Франција и главните сојузници.

„Нашата љубов кон Франција е неизбришлива“, им рече Џонсон на новинарите на пат за Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Соединетите Американски Држави, Австралија и Велика Британија минатата среда објавија формирање големо партнерство во индо-пацифичката зона за спротивставување на Кина, што вклучува испорака на подморници со нуклеарен погон во Австралија.

Првата последица на тој договор е одлуката на Австралија да го раскине големиот договор со Франција за набавка на конвенционални подморници, што предизвика огорченост во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 16:10