Во услови на тензии со Русија, во западна Украина почнаа воени вежби во кои учествуваат и трупи на НАТО.

Околу 6.000 војници од десетина земји ќе се обучуваат за борбени операции на само 25 километри од Полска, соопшти денеска Министерството за одбрана во Киев.

За време на годишните американско-украински маневри Rapid Trident, кои ќе траат до петок следната недела, ќе се вежбаат офанзивни и воздушни операциии. Бундесверот испрати набљудувач.

Украина од 90 -тите години редовно тренира со единици од земјите на НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 16:11