Пригодно, со музичко-сценски перформанс на најмалите беше одбележан почетокот со работа на воспитните групи во сите градинки на територијата на Општина Бутел.

-Огромно внимание посветуваме за воспитно-обарзовниот процес во претшколската возраст. Задачата на дечињата е тие да бидат весели и среќни, додека возрасните треба да го направат нивното детство да биде безгрижно – изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Најмалите ја изведоа претставата под наслов ,,Писмо до кралот”, која е двојазична, на македонски и на албански јазик



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 16:39