Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори.

ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 18:26