Дел здруженија на вработени во јавниот сектор во Словенија се противат на владината одлука – сите државни службеници да мора да се вакцинираат со двете дози на вакцината против Ковид-19 до 1 ноември, а синдикатот на полициските службеници денеска потврди дека побарале од Уставниот суд да ја преиспита нејзината уставност.

Како што соопшти словенечкиот полициски синдикат (СПС) тие поднеле таква иницијатива до Уставниот суд бидејќи владиниот протокол постави вакцинација или прележан Ковид-19 како услов за заржување на работниот однос.

Продолжувањето на таквата „недозволива практика“ може да доведе и до удар врз други човекови права и основни слободи, чии жртви би можеле да бидат сите граѓани, тврди полицискиот синдикат.

Владата на премиерот Јанез Јанша минатата недела објави одлука според која сите државни службеници, освен оние кои не можат да го сторат тоа од докажани медицински причини, ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19 за да работат на своите работни места, до крајот на овој месец мора да ја примат првата доза.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 23:25