Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент соопшти дека нејзини претставници ќе бидат во Бугарија на 23 и 24 септември за да ја анализираат состојбата во државата со слободата на медиумите и со корупцијата.

Во Бугарија ќе бидат седуммина европратениците кои ќе се сретнат со претставници на граѓански организации, високи државни и владини претставници, народниот правобранител и главниот обвинител, се вели во соопштението.

Се очекува европратениците да покренат прашања поврзани со владеењето на правото. В петок тие ќе имаат прес -конференција во претставништвото на ЕП во Софија, јави БТА.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 23:30