Белата куќа се очекува денеска да соопшти дека патниците од Велика Британија и Европската унија кои се вакцинирани против Ковид-19 ќе можат да ги посетат САД, објави „Фајненшл тајмс“.

Се очекува мерката да стапи на сила од 1 ноември.

Според извори на весникот, запознати со прашањето, новата политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе се однесува на целосно вакцинирани лица, вклучително и оние вклучени во клиничките испитувања на третмани кои се уште не се одобрени во Велика Британија. Со одлуката ќе се стави крај на забраната што беше во сила во изминатите 18 месеци.

Во јули, британскиот премиер Борис Џonонсон истакна дека Велика Британија и САД разговараат за создавање патнички коридор меѓу двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 23:35