Презентацијата на новиот систем за аплицирање проекти во Министерството за култура за 2022 година ќе се одржи в четврток, во 14 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

-Претстојната презентација на новиот систем за аплицирање на проекти, што во нашиот Центар за култура ќе се одржи в четврток, ќе ја води стручен тим од Министерството за култура на РСМ. Презентацијата е наменета за сите уметници (физички лица), како и културно-уметнички здруженија и ќе биде спроведена по строго пропишани протоколи за организирање ваков вид на настани и тоа задолжителен приказ за поседување доказ за имунизација или доказ дека сте го прележале вирусот во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување, истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево.

Тој појасни дека преку оваа презентација на субјектите кои се заинтересирани да аплицираат со свои проекти, во иднина ќе им биде олеснета работата околу подготовката на проектите и нивна квалитетна изработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 00:26