Вршителот на должноста шеф на стручниот штаб на Вардар, Никола Глигоров, најави подобри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој сезонава за прв пат во својата историја се натпреварува во второлигашко друштво.

– Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи, изјави Глигоров за официјалниот клупски сајт.

Поранешниот вардаров играч и капитен денеска беше назначен за в.д тренер на „црвено – црните“, откако клупското раководство му врачи отказ на Горан Симов по лошите резултати на стартот на сезоната во Втората македонска лига – Запад.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 00:31