Најмалку шест осомничени комунистички бунтовници се убиени во два одделни судири со владините трупи на југот на Филипините, соопшти денеска војската.

Првиот судир со огнено оружје избувнал вчера во предградието на градот Малејбалај во провинцијата Букиндон, 847 километри јужно од Манила, кога војниците извршиле претрес во сомнителен објект, изјави Франциско Гарело jуниор, портпарол на армијата.

Во борбите загинале пет бунтовници, а војниците пронашле десетина парчиња огнено оружје со голема моќ, додаде тој.

Шестиот бунтовник бил убиен во судир во шумска област во блиската провинција Агусан Дел Норте истиот ден, рече Гарело. Нема извештаи за жртви од воена страна.

Комунистичките бунтовници се борат против владата од доцните 1960-ти, со што е еден од најдолготрајните левичарски бунтови во Азија.

Мировните преговори меѓу филипинската влада и комунистичките бунтовници завршија во ноември 2017 година, а нападите на герилците продолжија со несмалено темпо.

Напорите за продолжување на преговорите досега беа неуспешни.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 13:18