Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), што ќе се имплементира во следните три години односно до 2024 година.

Со настан на кој присуствуваа претставници од Министерството за локална самоуправа, граѓанските организации, високи претставници на Европската Унија и УНДП, како и градоначалниците на осумте партнерски општини кои ќе учествуваат во ReLOaD2, во Скопје беше одбележан почетокот на втората фаза на проектот.

-Вкупната вредност на проектот е 13 милиони евра, а вредноста на компонентата од проектот за Северна Македонија е 1,24 милиони евра. Во рамки на проектот ќе се имплементираат активности и проекти кои се од интерес на локалната заедница, младите, транспарентното работење и граѓанските организации. Средствата ќе бидат наменети за инклузивни и младински политики, младински активизам. Неколку критериуми кои придонесоа за избор на Крива Паланка како дел од oпштините-корисници се доенсената младинска стратегија, постоењето на Европската куќа како младински центар, активниот совет на млади и распределба на средства на невладини преку јавен повик, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Проектот е финансиран од Европската унија од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.

На настанот покрај резултатите од првата фаза на проектот постигнати во Западен Балкан беше претставен и планот за наредните четири години.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 14:19